НБМ го ревидираше растот на економијата на еден отсто (ДПЛ)

Bez autora
Aug 02 2012

Народната банка на Македонија (НБМ) во средата изврши најнова ревизија на очекувањата за растот на македонската економија на еден отсто, наспроти априлската проекција кога предвидуваше дека растот ќе изнесува два отсто. Ова е веќе четврта надолна прогноза на НБМ за растот за 2012 година, а се должи на зголемените ризиците на финансиските пазари и продлабочување на должничката криза во еврозоната. Најнапред НБМ, кон крајот на минатата година излезе со прогноза дека македонската економија во 2012 година ќе порасне три отсто, набргу проекцијата беше ревидирана на 2,4 отсто, а во април проценката се спушти до два отсто. Како што појасни на денешната прес конференција гувернерот Димитар Богов најголемо влијание врз движењата во економијата има ограничената надворешна побарувачка за македонските производи.

НБМ го ревидираше растот на економијата на еден отсто (ДПЛ)Народната банка на Македонија (НБМ) во средата изврши најнова ревизија на очекувањата за растот на македонската економија на еден отсто, наспроти априлската проекција кога предвидуваше дека растот ќе изнесува два отсто.

Ова е веќе четврта надолна прогноза на НБМ за растот за 2012 година, а се  должи на зголемените ризиците на финансиските пазари и продлабочување на должничката криза во еврозоната.

Најнапред НБМ, кон крајот на минатата година излезе со прогноза дека македонската економија во 2012 година ќе порасне три отсто, набргу проекцијата беше ревидирана на 2,4 отсто, а во април проценката се спушти до два отсто.

Како што појасни на денешната прес конференција гувернерот Димитар Богов најголемо влијание врз движењата во економијата  има ограничената надворешна побарувачка за македонските производи.

„Влошениот глобален амбиент е главниот ризик во нашата проекција. Макроекономските проекции за економии како што е македонската, мала и затворена во голем дел се потпираат на надворешните движења, односно на претпоставките за движењата кај нашите најголеми трговски партнери“, изјави Богов.

НБМ очекува во 2013 година да дојде до постепено закрепнување и предвидува раст на македонската економија од три отсто, што е сепак помалку од проекцијата во април годинава кога НБМ за следната година предвидуваше раст од колку 3,7 отсто

Ваквата проекција е базирана врз очекувањата за постепено закрепнување на економиите на странските партнери, што би создало позитивни преносни ефекти врз потрошувачките и инвестициските одлуки на домашните субјекти.

Воедно, се очекува раст на странските и јавните инвестиции и активна кредитна поддршка од страна на банкарскиот сектор, што би довело до зголемување на растот.

Притоа гувернерот Богов потенцираше дека и за 2013 година постојат ризици поврзани со влошениот глобален амбиент.

„Евентуалното пролонгирање или продлабочување на кризата во еврозоната може да се одрази врз динамиката на раст на македонската економија, како и врз динамиката на раст  на капиталните приливи“, изјави Богов.

Тој информираше дека во првото полугодие е евидентиран висок раст на приливите на менувачкиот пазар, кои се зголемиле за близу 50 отсто.

Сепак се проценува дека приливот на прифатни трансфери постепено ќе забави и ќе дојде до незначителни промени во дефицитот на тековната сметка, кој годинава се очекува да се зголеми на -2,9 отсто од БДП, наспроти минатогодишниот е -2,7.

Кредитната поддршка во првата половина од годината е поголема од очекуваната и изнесува 7,5 отсто, наспроти очекуваните 6,6 отсто. НБМ направи умерена нагорна ревизија на кредитниот раст на осум отсто во 2012 година, односно десет отсто во 2013 година.

Банкарскиот систем и натаму бележи висока стапка на адекватност на капиталот (17,5 отсто), висока ликвидност и релативно стабилно учество на нефункционалните пласмани.

Во вакви околности, НБМ очекува благ пораст на девизните резерви.

Оценувајќи ги постојните монетарни услови како соодветни, НБМ одлучи да ја задржи постоечката каматна стапка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik